Вонредна прогноза: Разорно невреме го зафаќа Балканот, следуваат опасни метеоролошки појави

Опасни метеоролошки појави , силни врнежи, грмежи,ветер и силен град го зафаќаат Балканот а најпогодени ќе бидат Хрватска, Босна и Херцеговина како и Србија и тоа уште во следните часови а невремето кај нас ќе пристигне уште денес попладне кога локално ќе биде нестабилно со пороејни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално поради многу загреаната атмосфера ќе има појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер како и појава на град.

Невремето ќе продолжи и во деновите од следната недела кога се можни и локални поплавувања. Исто така опасност од поплави во следните часови како и утре има и во регионот односно во соседна Србија, Босна и Хрватска.

Исто така ова страшно невреме локално може да услови и град од значително поголема величина и истиот може да услови доста штети. Граѓаните се предупредуваат во случај на силни грмежи и громови ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не излегуваат од своите денови и да ги исклучуваат домашните апарати во случај на појава на големо невреме.

Подготви: Славчо Попоски