Вонредна најава: Силно невреме доаѓа кон Македонија

Територијата на нашата држава во следите 30тина часа ќе биде под влијание на изразено нестабилна, влажна и свежа воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд проследени со појава на грмежи.

Локално се очекуваат интензивни атмосферски процеси кој ќе бидат во форма на поизразено невреме проследено со силен до олуен ветер (до околу 100 км/час) силни електрични празнења, обилен пороен дожд (над 30 л/м2) кој може да услови поплавувања како и со појава на град. Во случај на вакви временски појави на граѓаните им препорачуваме да бидат претпазливи, јавува Славчо Поповски.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пад (за околу 10 степени) а вевечерва истите се очекува дополнително да опаднат па така до четврток наутро истите понекаде се очекува да се спуштат дури и под 10 степени. Ваквите временски услови многу лошо ќе влијаат исто така и врз метеопатите каде се можни и значителни здравствени проблеми.