ВОНРЕДНА НАЈАВА: Силно невреме доаѓа кон Македонија

Полека од запад кон нашата држава како што најавивме се движи влажна и нестабилна воздушна маса кој од околу пладне па натаму на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера локално процесите можно е да бидат Поинтензивни и во форма на невреме проследено со пороен дожд, значително количество на воден талог, електрични празнења, силен ветер и појава на град, анализира Славчо Поповски.

Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Максималните температури и понатаму ќе бидат многу висок ии ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Исто така поради понатамошен значителен транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава атмосферата и понатаму ќе биде многу заматена па така врнежи кој се очекуваат ќе бидат помешани со истата, односно дождот ќе биде нечист. Ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

За време на Христовото воскресение атмосферата постепенио ќе се стабилизира иако особено на  исток сеуште ќе има услови за локална нестабилност но како што кажавме нестабилноста постепено ќе се повлекуа кон исток.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Не излегувајте доколку немате потреба.

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on