Вoлонтерство, обука, пракса или само манипулација?

Волонтерството значи да работиш без надомест за хумани цели или за стекнување на искуство. Обуката е процес во кој вие се оспосувате за работа на одредено место. Праксата е период за кој работите во одредена фирма на одредено работно место. Но волонтерите имат прво на надомест за трошоци од 4000 ден. Неплатената обука не може да трае повеке од три месеци.

Дали кај нас е така?  Голем дел од младите работат за без пари и по година дена ,трошат пари и време. Поголем дел од нив се надеват дека ке се вработат ама ништо од тоа. 

Еве што коментираат младите на оваа тема: 

-Јас цел живот волонтирам негде, платено ми било најмногу 250 ден од ден, ама нели искуство собираме. Што сфатив на крај, дека врз основа на мојот труд и на останатите ко мене, само газдата/одговорниот, си печали пари. Од невладини преку глава веќе, кај не бев член, за на крај да сфатам дека одреден број на луѓе земаат огромни пари од проекти итн а ние се утепуваме од работа на тие проекти за без пари или за ситно. Така да прекинав да одам по невладини и да волонтирам, ипак сега имам поголеми трошоци за разлика од пред 4-5 години, па не ми се исплати, а искуство- минимално. Се знае битните работи никогаш не ги работат волонтерите, дури и во неколку ситуации сум се осетила повеќе ко поттрчко, не ко да имам некаква улога во работењето.Додека за работа во фирма, незнам кој е тој што се нафаќа повеќе од 3 месеци да волонтира, бидејќи тоа воедно се смета и за обука, само и тоа не е воопшто сигурно. Братучед мој, волонтираше во една многу добра компанија 3 месеци за на крај да му кажат дека нема да го вработат и да дознае дека нечиво дете влегло на негово место, он само му завршил работа волонтирал за него.

-Јас веќе долго време имам искуство со барање на работа (особено во Скопјево) и искрено ќе кажам, не еднаш сум се зезнала со тие “обуки“ т.е. законски оправдана ангарија. Секаде во поразвиените земји, обуките и праксите се плаќаат, минимално можеби, но се плаќаат. А ние сме си бре муфтеџиски народ, душа наша да се изгребеме за нешто од некого, од една цигара и бесплатен оброк на некоја прослава до бесплатна работна сила. Или пак, еве добро, не мора да плаќаат, ама нека дадат едно пусулче, за во биографија да стои таа пракса, не дека нешто ќе смени ама ете, штом е обука или пракса, да си стои како таква. Па ми се смачи од она, секој месец да гледам други луѓе на каси по маркетиве со беџ на кој пишува „обука“. Мислам стварно е очигледно шо се прави и како се злоупотребува тоа “обука“.

-И обука и пракса и манипулација...Добро е за оние кои сакаат да стекнат практично искуство во одредена област, но ако одат со надеж да после одреден период некој го примети нивниот квалитет и ги вработи, а тоа не се случува иако минува време и време...тогаш се чувствуваат изманипулирани. Кој е тука крив, работодавецот на кој му одговара ваквиот начин или самиот волонтер кој очекува работно место иако волонтерството има друга поента и никој не ти ветува ништо...Се најдов еднаш во таква ситуација и можев да волонтирам до ден денес, да се надевам дека ќе си останам таму за стално-којзнае можеби и така ќе беше или да речам фала на дадената прилика да стекнам искуство, чао, пријатно...Си заминав затоа што научив тоа што требаше да научам и веќе почнав да се чувствувам како потрчко...

-Во денешно време е многу тешко да се најде работа, но постојат професии за кои праксата е најважна и ништо не ти вреди дипломата ако не знаеш да работиш или немаш доволно практично искуство. Затоа, е корисно истото да се стекне преку волонтирање. Од друга страна освен што ќе научиш нешто ново и ќе се чувствуваш покорисно. Сето тоа ќе е супер и совршено само доколку ја најдеме вистинската фирма која ќе ни овозможи поголемиот дел од времето да учиме и да се обучуваме, а не изиграваме потрчко.. За жал повеќето фирми ги третираат волонтерите токму на овој начин, односно им даваат да ги завршат сите неважни работи кои вработените не би сакале да ги работат и секако стандардното одење по јадење, кафе и сл. Така да, сум за волонтирање но само во посериозни фирми каде волонтирањето претставува работа и учење а не само губење време.