Волонтери-водичи на пациенти низ Клинички центар

Во кругот на Комлексот клиники „Мајка Тереза“ денеска ќе биде промовиран проект за ангажирање волонтери-водичи на пациенти, кои ќе им помагаат на граѓаните полесно да се снајдат во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

Проектот се реализира во соработка на министерството за здравство и Црвениот крст. На промоцијата ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Црвен Крст на Република Северна Македонија, Саит Саити.