Војдан Стојановски потпиша за Бујукчекмече

Македонскиот репрезентативец, Војдан Сојановски пронајде нов ангажман и во наредната натпреварувачка сезона ќе настапува во Турција.

Тој претходниве две години беше дел од најсилниот шпански шампионат од тимовите на МораБанк Андора и Реал Бетис, а пак во следната кампања ќе биде дел од Бујукчекмече.

Оваа информација турскиот прволигаш ја објави на социјалние мрежи притоа не криејќи го задоволството што го обезбеди неговиот потпис. Војдан во својата досегаша кариера освен во Македонија има настапувано во Србија, Украина и Германија, плус е долгогодишен наш репрезентативец и лидер на новата генерација.

Во претходнава година во Бетис имаше во просек по 10, 9 поени, 2 скока и 1,3 асистенции на 32 натпревари.