Водолија : Хороскоп за јули 2017

Работа

Почетокот на месецот ви го носи Марс кој владее со вашето поле на работата и кариерата. Тоа ќе ви помогне да сфатите дека многу треба да бидете претплазливи и да избегнувате работа со луѓе кои делуваат сомничаво и кои немаат најискрени намери.

Овој месец ви носи многу состаноци и поволни контакти со луѓе со кои ќе размислувате да започнете нови деловни потфати. Највеќе успех ќе имаат оние кои се занимаваат со финасии и логистика. Вашите предлози лесно ќе бидат прифатени и ќе успеете да си создадете солидна основа за натамошна заработувачка. Добар успех ги очекува и оние кои се занимаваат со услуги и медиуми, но и консалтинг.

Венера овој месец минува низ вашето поле на забава и креативност, што ќе ви овозможи да ги споите задоволството и разботата и да го правите тоа што го сакате. Успехот ќе го остварите и преку областа на забава, естрада, угостителство и туризам. 6-ти јули ви носи зголемени трошоци, па затоа бидете претпализиви. Добивка ве очекува во периодот од 14-18 јули.

Невработените ќе имаат шанса да добијат нова работа, но само ако бидат истрајни и учествуваат на конкурсите за вработување.

Љубов

Ако сте во врска: Благодарение на Меркур кој поголем дел од јули ќе го мине во вашето поле на  љубов и партнерство, ќе бидете комуникативни и полни со иницијатива, што ќе и годи на вашата сакана личност. Ќе наоѓате нови заеднички интереси и ќе имате идеја за тоа што би можеле да бидат вашите заеднички цели. Вашиот партнер позитивно ќе реагира на вашите предлози бидејќи точно ќе знаете што сака.

19ти јули ќе донесе стабилност во емоционалните врски. Во сите нешта ќе се разбирате одлично со вашата сакана личност и ќе се договарате за сите помали или поголеми нешта. Јули ви носи и неочекувана можност да одите на пократко патување и убаво да си поминете.

Ако сте слободни: Венера која минува низ вашето поле на забава ќе ве мотивира почесто да излегувате, да се дружите и забавувате. Ќе запознаете личност која ќе посакате да ја освоите, поради тоа што ќе ве привлече веднаш. Ќе откриете дека имате слични интереси и лесно ќе влегувате во разговор за различни теми. Највеќе ќе ве привлече интелектот на таа личност. Од друга страна пак, внимавајте да не идеализирате претерано. Бидете реални.

Дел од Водолиите ќе се соочат со искушенија и проблеми во обидите да освојат некоја личност која долго им се допаѓа. Штом помислите дека сте на чекор до успехот, другата личност ќе се повлече и нема да бидете сигурни зошто го направила тоа.

Здравје

До 20-ти јули вашето здравје ќе биде чувствително и променливо. Потребно ви е повеќе движење и секојдневни физички вежби или некаков вид рекреација. Ако не се движите, можете само да си направите повеќе проблеми и слабеење на имунитетот. Избегнувајте долго седење во климатизирани простории.

Здравата исхрана ви е неопходна за да го подобрите имунитетот и затоа земајте повеќе витамини и минерали. Потребен ви е и мед, матичен млеч, а особено витамин Е и Б12. Смалете го внесот на месото, а повеќе конзумирајте риба, млечни производи, овошје и зеленчук.