Во животот треба да се грижите само за две работи...

Во животот треба да се грижите само за две работи:

Дали сте здрави или болни.

Ако сте здрави, тогаш нема за што да се грижите.

Но, ако сте болни, треба да се грижите само за две работи:

Дали ќе оздравите или ќе умрете.

Ако оздравите, нема зошто да се грижите.

Но, ако умрете, само за две работи треба да се грижите:

Дали ќе одите во рај или пекол.

Ако одите во рај, тогаш нема зошто да се грижите.

Но, ако одите во пеколот, толку ќе бидете зафатени со поздравување со вашите пријатели, па така нема ни да имате време да се грижите.

Затоа, зошто се грижите?

Бидете среќни!