Во животот најважно е да се донесат тешките одлуки

Има работи и одлуки кои се навистина тешки за носење. Околностите, нашите чувства, сѐ влијае врз тоа како ќе одлучиме. Тука приоднесуваат и нашиот темперамент, воспитување, искуство...

Па така си велиме дека е лудо да се даде отказ во денешно време, особено без сигурна алтернатива. Дека ние самите не можеме да се издржуваме и дека затоа е сосема океј да се остане во лош брак. И дека бракот и не е така лош. Па што ако е мрзлив и не е внимателен и што повеќе време поминува во кафана отколку со децата? Што ми е гајле?

И потоа со часови и часови работиме, секој ден, со стиснат јазол во нашиот желудник, поради стравот од неизвесноста и главоболката од гледање во екран. Главоболка предизвикана од умор и монотонија.  И целото тоа време оди од крајност во крајност: од чувството дека не можеме повеќе да го поднесеме стресот кои новите задачи го внесуваат во нас, до чувството дека сме целосно бескорисни. 

А платени сме баш онолку за да ни биде тешко да си одиме и онолку за да можеме да преживееме. И така, ден за ден, одиме на работа, објаснувајќи си себеси дека немаме избор. А јазолот во желудникот кој полека се крева до грло ни кажува дека е неопходно длабоко да се замислиме и да најдеме нов избор. Да го прочистиме нашиот живот. Дека имаме еден живот и дека ако продолжиме вака да живееме ќе ја изгубиме искрата и магијата во очите и вербата во себеси. 

И така, едно утро се будиме. Со страв од неизвесноста, но ова е и поинаков страв, страв кој самите сме го одбрале. Исплашени, но одлучни.Чувствуваме дека сме презеле одговорност за својот живот и дека конечно работите зависат од нас. И одлучуваме да го пробаме она што никогаш не сме го пробале: Да ја жртвуваме сигурноста заради нови можности. Да расчистиме со себеси дека нема да биде лесно. Но, дека повторно ќе се чувствуваме живи. 

И конечно го менуваме работното место. И расчистуваме со бракот во кој одамна нема љубов. 

Ја вложуваме целата сила и енергија која ни ја црпеле работите кои не ги сакаме, во работите кои ќе ни помогнат да се развиваме, да учиме и да не зависиме од туѓата добра волја. Со тоа им даваме добар пример на нашите деца. А кога едно утро, после многу денови, ќе се разбудиме, ќе си направиме кафе и ќе седнеме во тишина, ќе видиме дека сите тие јазоли во желудникот целосно исчезнале.