Во Визбегово гореше „форд ескорд“

На 13.02.2020 околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово настанал пожар во патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.А.(46).

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.