Во тек трет циклус саеми за вработување- над 8.100 слободни работни места на пазарот на труд

Над 8.100 слободни работни места на пазарот на труд. Најбаран кадар се лицата за работа во прехранбената индустрија, каде има потреба од над  2,600 лица.

Следни се продавачи за работа во трговијата на големо и мало. Овој сектор има потреба од над 2,000 работници.. Следува градежништвото , каде се бараат над 600 лица, но има непополнети позиции и  во финансиските дејности   – сектор каде примањата се далеку повиосоки од останатите дејности. За полесно да се вработат,  во моментот  се одржуваат саеми за вработување. Денеска  понудата и побарувачката на работна сила се презентираа во Кавадарци, град каде нвработеноста е под 10%, односно изнесува 7,5 отсто

- Се надевам дека во наредниот период се повеќе млади лица ќе се одлучуваат за техничките науки. Заситеноста од општествени науки е се поголема. Особено во последните неколку години има голем наплив на високообразовни кадри кои се од општествени науки кои се многу тешко вработливи,, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување .  

Невработените пак, кои сакаат да започнат сопствен бизнис, во наредните 2 недели можат да аплицираат за неповратни 4.000 евра. Останатите пак, можат да се стекнат со обуки и пракса кај познат работодавач,  и на тој начин полесно да дојдат до работно место.