Во Театарот за деца и младинци утре во 19 часот наместо претставата “Лакомата Меца” ќе се одигра претставата “Црвенкапа”.

Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот.

Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа…

На 12 јануари на репертоарот е “Снежната кралица”, а на сцената на Театарот за деца и младинци в сабота (19 часот) е претставата “Оливер Твист”.

В недела во 12:30 за најмладите на сцената ќе биде одиграна “Убавицата и ѕверот”.