Во светот бројот на заболени од корона вирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово се регистрирани вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излечиле 165.659, покажуваат податоците на „Ворлдометерс“.

Најголем број на заразени има во САД – 164.253, а вкупно досега починале 3.167.

Потоа следи Италија со 101.739 случаи и тоа најмногу на северот од земјата, починале 11.591 човек, а се излечиле 14.620.

Во Шпанија вкупно 87.956 луѓе се заболени со Ковид-19, 7.716 починале, а се излечиле 76.052.

Кина е на четвртото место по бројот на инфицирани со 81.518 случаи, починале 3.305 лица, а сосема се излечиле 76.052 пациенти.

Во Германија се регистрирани 66.885 случаи, починале 645 лица, а се излечиле 13.500. Франција има 44.550 случаи, 3.024 жртви, а се излечиле речиси 8.000.

Голем број случаи има во Иран – 41.495, вкупниот број на починати е речиси 3.000, а се излечиле 13.911 луѓе.

Во Велика Британија заразени се 22.141 човек, починале речиси 1.500, а се излечиле 135.

Северна Кореја и натаму регистрира нови случаи, од последните резултати, заразени се уште 125 лица, а починале четири, така што вкупниот број на заболени е 9.786, починати 162, а се излечиле 5.408.

Во регионот, Босна и Херцеговина утрово има вкупно 371 случај, од кој 17 се излечиле и 10 починале, Хрватска 790 заразени, од што починале 6 и се излечиле 67. Словенија има 756 заразени, 11 починати и 10 излечени. Северна Македонија има 258 заразени, 7 починати и 12 се излечиле и Црна Гора 91 заразен и 1 починат. Србија има 785 заразени, 16 починати и 42 излечени.