Во сообраќајка на скопска обиколница повредена бугарска државјанка

Бугарската државјанка Л.И.З. (70) од Софија е тешко поврдена во сообраќајка што се случи вчера околу 10.30 часот на скопската обиколница.

Како што информира МВР, незгодата ја предизвикал З.В.З. (78) од Софија, управувајќи возило „ауди А6“ со бугарска национална ознака, во кое била Л.И.З.

Возачот изгубил контрола над возилото, излегол на десната страна надвор од коловозот и се превртел.

Жената по укажаната лекарска помош, на нејзино барање е препратена во Бугарија.