Во сообраќајка кај скопско Љубин настрада велосипедист

Страшна сообраќајка се случила вчера во селото Љубин, скопско.

Седумдесет годишниот Џ.Б. е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 11 часот се случила во скопското село Љубин, кога тој бил удрен од 33-годишниот А.Ј. од Бојане кој управувал со автомобил марка Голф.

Велосипедистот бил пренесен во Поликлиниката Ѓорче Петров каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.