Во скопско Свиларе тепачка за ниви

Во скопското село Долно Свиларе завчера имало физичка пресметка меѓу членови на две семејства поради претходна расправија за ниви.

Како што информира МВР, случајот го пријавиле Н.И. (62) и Ќ.И. (24) според кои се се случило околу 20:40 часот кога во дворот на нивната куќа, додека седеле со други членови на семејството, со патничко моторно возило дошле М.Ј., М.Ј., Б.М., В.Р и уште две други лица. Тие со себе носеле шипки, лопати, дрвени палки,…, и веднаш почнале да ги удират сите членови на семејството во пределот на главата и телото, нанесувајќи им видливи повреди.

Истепаните побарале лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.