Вест за неверување – во скопскиот сообраќаен хорор се појави херој! 

Извесен Игор од Скопје собра храброст и покажа доблест јавно да ѝ се извини на девојката со белата јакна, која ја испрскал кај Сити мол. Нема да навлегуваме во причините зошто се случило тоа, за дупката, водата и условите на патот, ќе се задржиме на гестот како искра на надеж дека во Скопје сепак се буди заспаната градска култура.