Во Скопје живеат 180 бездомници

Повеќе од десет години, Пунктот за бездомници во Момин Поток е единственото место каде 180 бездомници регистрирани во дата базата на Црвениот крст на Град Скопје можат да добијат медицински, хигиенски и берберски услуги.

Овие услуги секои среда и петок надополнети со топол оброк и менување на нечистата облека, на дневна основа ги добиваат 90 бездомни лица.

Светскиот ден на бездомништвото денеска со свечен ручек го одбележаа 90 бездомни лица, кои ги користат услугите на Пунктот за бездомници во Момин Поток.

Сместувачкиот капацитет на прифатилиштето, вклучувајќи го новоизграденото женско одделение, е 32 кревета, број што не ги задоволува потребите на бездомниците, посебно во зимскиот период. Во случај на поголем број лица истовремено да им е потребно згрижување во пунктот за бездомници, просторот се адаптира и во него можат да се сместат 40 лица.

На светско ниво, според податоците на Обединети нации, 100 милиони лица се бездомници, што значи дека секој седумдесетти граѓанин е бездомник. Галопирачкиот тренд во кој луѓето остануваат без своите домови, не ја одминува ниту Македонија. Како што информира Лазаровска, кога во 2010 година пунктот ги отворил вратите за бездомниците, истиот го посетувале десет лица, за денеска оваа бројка да достигне 90 лица.

Покрај Скопје, шелтер центри за бездомните лица се потребни и во останатите градови низ републиката, и добро е надлежните да почнат да разлислуваат за нивно отворање, велат од Црвениот крст на Град Скопје.