Во Скопје вчера 15 сообраќајки, 11 лица полесно повредени

Единаесет лица се полесно повредени во седум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Скопје. Во осум сообраќајки регистрирана е само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од сообраќајната полиција откриени и санкционирани се и поголем број прекршоци. Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не ги почитувале правилата за престигнување, двајца не ги почитувале светлосно-сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, а девет возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани. Биле регистрирани 48 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци. Санкционирани се и шест возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира етукативни работилници со децата од средна и голема група во детската градинка „Срничка“, објект „Калинка“ во општина Аеродром.