Во Скопје утрово повторно најзагадено кај Ректорат

Благодарение на врнежливото и ветровите време загадувањето во главниот град е на пониско ниво, па скопјани последниве неколку дена можат да земат здив. Утрово индексите на мерните станици се под дозволената граница од 50, а денеска квалитетот на воздухот е најлош кај Ректоратот - 47.

По Ректоратот воздухот во Скопје и околните општини најзагаден е во Миладиновци со - 27 и Центар со 26.