Во Скопје се одбележа годишнината од смртта на Скендербег

Со интонирање на албанската химна, министрите Албанци и функционери на ДУИ положија венци со цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците, но и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот. „Скендербег е инспирација низ вековите за сите поттиснати народи и останува централна личност за оние што го посакуваат мирот.  Денеска достоинствено и со гордост можам да кажам дека самиот Охридски договор е во духот на Скендербег, а ние го одбележуваме и покрај тоа што бројни окупатори се обидувале да избришат се од меморијата на Албанците“, рече Ахмети. На настанот присуствуваа само функционери од редовите на ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, запрашан зошто на настанот нема претставници од другите албански партии во Македонија, кратко одговори дека сите биле повикани на манифестацијата и избегна понатамошни прашања од страна на медиумите. Функционерите на ДУИ положија цвеќе пред споменикот на Скендербег, а интонирана беше албанската химна.