Во Скопје приведен агресивен Ирец кој вознемирил гости во ресторан на кеј

Скопската полиција во попладневните часови на 18 јуни во Центар привела 31-годишен државјанин на Република Ирска.

Како што информираат од МВР, Ирецот во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и ги вознемирувал присутните гости.

Откако на местото дошла полициска екипа, тој почанал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

По целосно докуменитрање на случајот против Ирецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.