Во Скопје нова математичка гимназија

Во Скопје ќе се отвори нова гимназија каде што ќе можат да учат најдобрите ученици по математика, физика и информатика. Ќе работат по специјално изготвени наставни планови и програми.

Во неа  ќе можат да се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно образование, се стекнале со општ успех од најмалку 4,5 од шесто до деветто одделение во основното образование и со оценка 5 (пет) од наставните предмети математика и физика од шесто до деветто одделение во основното образование. Сите ученици ќе полагаат приемен испит со кој ќе им се проверат знаењата за математика и за физика.

Според предлог-законот, кој влезе во собраниска процедура и го помина првото читање, во оваа гимназија нема да може секој да биде наставник, а покрај стручни соработници (педагог и психолог), на учениците ќе им предаваат и истакнати стручни лица од соодветната област што ќе се изучува во гимназијата.