Во Скопје најзагадено кај Ректорат, повеќе градови низ Македонија над дозволената граница

Утрово мерните станици ширум земјата покажуваат загадување значително над дозволеното во повеќето македоснки градови. Во Скопје воздухот утрово е со најлош квалитет кај Ректорат со 82 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, веднаш потоа на листата се општините Ѓорче Петров и Карпош.

Најлош возхух утринава дишат струмичани, 114 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, а блиску зад нив е Битола со 105. Загадувањето е високо и во Куманово и Тетово, 88 и 85 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.