Во Скопје фрлени 100 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатово деноноќие интервенираа на градските сообраќајници, каде фрлија 100 тони сол.

– Сите градски сообраќајници се чисти и проодни. Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници, соопшти Град Скопје.

Екипите на зимската служба и денеска ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на патот.