Во Скопје 17 сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден, едно лице загинато

Во текот на вчерашниот  ден на подрачјето на СВР Скопје случени се 17 сообраќајни незгоди,  во кои едно лице е загинато, а 17 се повредени.

Едно лице е загинато во сообраќајна несреќа што се случила околу 14:30 часот на крстосница од ул. „Борис Трајковски“ и регионален пат за ХЕЦ Козјак во која товарно моторно возило ФАП 1620 со скопски регистарски таблици управувано од жител на населеното место Чифлик, роден 1956 година и велосипед марка вентура онеил управувал од скопјанец роден 1987 година.

Од незгодата со повреди се задобил велосипедистот  кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје, заради укажување на лекарска помош, по извесно време тој им подлегнал на повредите.

Во девет сообраќајки со телесни повреди се здобиле 17 лица, а во седум имало последица материјална штета.

Во текот на изминатите 24 часа од  наша страна откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци меѓу кои 22 пешаци поминле вон обележан пешачки премин односно на црвено светло на семафорот за пешаци. Четворица возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената. Тројца поминале на црвено светло  на семафорот. Дваесет и шест возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, Имало 67 непрописно паркирани возила, а санклционирани се и тројца велосипедисти со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 67 возила.

Денеска  со почеток во 17:30 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките  на СЕХА лигата  ќе се одигра маѓународен ракометен   натпревар помеѓу Ракометниот  Клуб Вардар  и Горење од Словенија.

Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од наша страна ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.