Во себе имаме сила поголема од сите планини, на нас останува да ја откриеме

Сѐ ќе биде во ред. Доколку немате некој до себе да ви го каже тоа, кажете си го самите. Гласно.

Не постои формула за животот, за преживување за успех. Секој од нас има свое патување, своја патека. Доаѓаат тешки денови, времиња кога мислиме дека не можеме да ги победиме лошите мисли, доаѓа болка и патење. Но, ништо не е вечно. Тоа е дел од нашата приказна.

Сѐ ќе биде во ред. Колку пати и да сме паднале на колена, кога сме мислеле дека животот ќе нѐ прегази, сме преживеале. Сѐ уште дишеме, сѐ уште се смееме. Живи сме, некогаш среќни, некогаш тажни, некогаш мирни и спокојни, а некогаш со бура од мисли.

Светот не престанува кога ќе ни се случи нешто лошо. Животот продолжува. На нас останува да се избориме. Имаме сила во нас која е поголема од сите планини. Само треба да ја најдеме.