Во регионот само Албанија има пониска минимална плата од Македонија

Само Албанија имала пониска минимална плата од Македонија во јануари. Според податците за првиот месец од оваа година кои ги објави ЕУРОСТАТ, Македонија и Албанија се единствени земји во Европа кои имаат минималец помал од 250 евра.

Но, за разлика од земјава каде потрошувачката кошничка за едно просечно семесјтво изнесува над 500 евра, трошоците за живот во Албанија за еден месец се за околу сто евра пониски.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека платите ќе растат. Според пеоркециите на Владата, годинава минималецоп треба да стигне до 14.000 денари.

За познавачите на состојбите на пазарот на труд пак од вкупно над 750.000 вработени во змејава, над 130.000 живеат од минималец. За познавачите на состојбите на пзарот на труд, состојбата со платите во земјава е алармантна.

Највисок минималец во јануари во Европа имале работници во Луксембург, над 2000 евра, а просечните месечни трошоци во оваа земја се пониски од 1750 евра.