Во пожар во Петровец 10 семејства останаа без покрив над глава

10 фамилии во општина Петровец од изутрината се без покрив, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја.

Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи. Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој се случи во бошњачката населба во општина Петровец.