Во пораст просечната мартовска плата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), Рударство и вадење на камен (7.2%) и Уметност, забава и рекреација (6.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3 %) и Информации и комуникации (5.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесува 22 445 денари.

Бруто платата пак, бележи раст од 1,9 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 изнесува 32 999 денари.

Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.