Во понеделник презентација на мерки за вработување во Општина Аеродром

 

Општина Аеродром ги поканува работодавците и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија на презентацијата на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за оваа година. 

Презентацијата ќе се одржи на 25.3.2019 година (понеделник) во просториите на Општина Аеродром со почеток во 10:30 часот, во присуство на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. 

Со овие мерки се очекува да се поттикне вработувањето и креирањето нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, како и во граѓанските (непрофитни) организации.