Во понеделник без струја неколку делови од Скопје

В понеделник (23 јануари) без струја ќе бидат делови од општините Центар и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул: „Костурски Херои“ од бр. 49 до бр. 60 во општина Центар, а од 12:00 до 13:30 часот корисниците од улиците „4-ти Јули“, „Љубин“, „Андреа Зограф“ и „Александар Македонски“ во општина Ѓорче Петров.

Прекинот во стабдувањето со електрична енергија ќе биде поради технички зафати во електро-мрежата.