Во овие четири скопски населби ќе се воведе зонско паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“  неодмана планираше да вовед зонско паркирање во населбите каде што во моментов нема, на пример, во Kисела Вода, како и во делови од Kарпош, Дебар Маало и Буњаковец.

Локации кои „Градски паркинг“ планира да ги претвори во паркиралишта, јавни и зонски, се, на пример, улицата Јуриј Гагарин кај Министерство за економија, каде што секој ден владее голем сообраќаен хаос, поранешен „Дрводекор“, дел од „Kлимент Охридски“, како и локациите со кои порано стопанисуваше центарското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во Дебар Маало и во Буњаковец, а потоа му беа поништени поради некомплетни сообраќајни проекти. Во Kисела Вода зонско паркирање е најавено на улиците: Индустриска, Антон Попов, Емил Зола, Иван Kозарев и Вера Јоциќ. Сите овие нови места ќе се водат во третата зелена зона каде што еден час паркирање е 25 денари.

Сепак, како што и досега објаснувале од „Градски паркинг“, најавените предлози не значи дека ќе се реализираат. Потребно е желбите и плановите првин да поминат низа фази и да добијат одобренија. 

Доколку ја исполнат својата идеја, тогаш „Градски паркинг“ ќе располага со вкупно 8.717 паркинг-места. Бројките покажуваат дека и покрај затворените паркиралишта лани и годината пред неа, поради низа градежни работи во централното подрачје, сепак претпријатието успева да отвори нови паркиралишта на улиците или да стави во функција објекти, како катната гаража кај „Рамстор“.