Во „Остен“ утре ќе биде отворена изложба на карикатури

Изложба на карикатури утре ќе биде отворена во галеријата Остен.

Во галеријата „Остен“ утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата на карикатури кои учествуваа на меѓународниот конкурс за дигитална карикатура на тема „Демократија", кој „Остен арт“ во соработка со Американската амбасада го спроведе преку онлајн платформата osten4art.

Изложбата е дел од проектот ЊДоза сатира за здрава демократија" кој беше активен во последните 6 месеци преку инфо-работилници одржани во Американските катчиња во Битола, Тетово, Штип и Скопје.