Во општината Гази Баба се прави хигиенска генералка

Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска генерално ја чисти општината Гази Баба.

Во рамките на акцијата се спроведува рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, како и отстранување на дивите депонии.

Градоначалникот на општината Гази Баба, Борче Георгиевски и помошник -директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Етула Амети, учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Стив Наумов“, каде што учениците беа информирани за штетноста на дивите депонии што се создаваат како резултат на несовесното постапување со отпадот и директно ја загадуваат нашата животна околина.

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје организираше и чистење на дворовите на градинките, основните и средните училишта во оваа скопска општина.