Во Општина Карпош се поставуваат системи за одржување на зеленилото

За поквалитетно и целосно одржување на зелените површини, Општина Карпош започна со поставување на системи за наводнување на зеленилото и тревните површини на повеќе локации.

Како што информираат од Општина Карпош, автоматски прскалки за наводнување се поставуваат во средишниот дел на ТЦ „Лептокарија“ во Карпош 3, а ќе се продолжи и на други места во општината – Карпош 1, меѓу зградите 8 и 10 на ул. „Иван Аговски“, Нерези, во близина на воените кули, Тафталиџе, меѓу зградите на „Московска“  и Тафталиџе 2, на ул. „Женевска“во близина на новиот плоштад.

На овој начин значително ќе се подигне квалитетот на зеленилото и ќе се спречи негово сушење, особено во летниот период.

Локалната самоуправа, велат од Општината, продолжува да работи на подигнување на нови зелени површини и одржување на постоечките. Овие зелени маалски паркчиња, посочуваат, се значајни за рекреација на граѓаните и за развивање на маалскиот соживот