Во општина Илинден се спроведува проектот „Со зеленило против загадувањето“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ се вклучија во проектот „Со зеленило против загадувањето“, што во организација на општина Илинден ќе се реализира овој месец.

Општина Илинден информира дека со цел кај учениците да се развива еко свеста за чување на животната средина и зачување на сопственото здравје, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржал час на отворено. Учениците се вклучиле во уредување на училишниот двор и засадиле цвеќиња, а било опфатено изразување и творење на тема екологија и ликовни творби „Преку слика до почист и поубав свет“.

– Со проектот за раззеленување се опфатени 20 локации на површина од 60.000 метри квадратни, каде е предвидено да бидат засадени 1.000 садници со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедување почист воздух, соопшти општина Илинден.

Во реализацијата на овој проект се вклучени граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.