Во општина Гази Баба досега легализирани 6.150 објекти

Нови 45 решенија за легализација на бесправно изградени објекти се издадени денеска во општина Гази Баба, каде досега се легализирани 6.150 дивоградби. Поднесени се 16.000 барања за легализација.

Од општината информираат дека вовеле повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимови формирани да постапуваат по барањата за легализација.

Градоначалникот Тони Трајковски при доделувањето на решенијата ја нагласи важноста од навремено добивање информации за легализација на дивоградбите бидејќи таквите објекти се третираат како кривично дело. Укажа дека секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на процесот на легализација може да се добие кај вработените во општината.