Во Општина Центар почна акција за чистење на јавните паркиралишта

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар во соработка со Општина Центар денеска почна акција за чистење на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираа дека оваа акција се спроведува со цел одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи на ЈП ПОЦ, но и претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на воздухот во општината и во градот.

Акцијата стартуваше со чистење на монтажната гаража во Капиштец, а во текот на наредните неколку недели ќе бидат исчистени и сите јавни паркиралишта и катни гаражи со кои стопанисува ЈП Паринзи на Општина Центар.