Над 6.300 слободни работни места евидентира Агенцијата за вработување на својот веб портал во новата година. Бројката се менува на дневно ниво зависно од огласите кои работодавачите ги објавуваат.

Од владата велат дека се работи за одлична можност со која барателите на работа можат да ги прегледаат слободните работни позиции на пазарот на труд и тоа по занимање и по општина.

На веб страната прикажани се и огласите за слободни работни места објавени во весниците од страна на работодавачите. Агенцијата ги реобјавува и тука за да бидат подостапни за барателите на работа.

Огласите се објавуваат со детали за платата, работните часови, потребно искусво и слично.

Инаку, бројот на слободни работни места коиги евидентира Агенцијата, обично се движи од 6 до 8 илјади, а на бројката најнмногу влијае потребата од сезонски работници.