Во Нов Зеланд се нуди работа со плата од 3.000 евра

Каинтагата е мал град во јужниот дел на Нов Зеланд со вкупно 800 луѓе, а она што е сигурно е дека таа бројка не ги задоволува капацитетите на сите отворени работни места. Во прилог на ова оди и веста дека слободни се дури 1.000 места на различни работни позиции.

Според градоначалникот на овој мал град, Брајан Кадонген, станува збор за места што се добро платени, во фирми како пилани и фабрики за млеко и млечни производи.

- Ова е старомодна заедница, но ние не сакаме да се изолираме. Сакаме градот да доживее бум, а за тоа се неопходни луѓе. Градот повторно ќе заживее, па ги чекаме новите работници со отворени раце - изјави Брајан.

Тој додава дека невработеноста во овој град изнесува само два отсто, што би требало да го направи привлечен за младите луѓе.

Инаку, според податоците од 2014 година, просечната плата во Нов Зеланд е 2.800 евра.

Секој што ќе одлучи да замине за Каинтагата, мора да има предвид дека куќа со земјиште чини 145.000 евра.