Вo недела нов протест против аерозагадувањето во Скопје

На социјалната мрежа „Фејсбук“ граѓани се организираат за протест против загадувањето на воздухот пред Владата на РМ. Протестот е предвидено да почне точно напладне.

Во објавата пишува: „Британската Влада во 2000 ни „подарила“ согорувач за медицински отпад кој не  ги задоволува ЕУ стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и бројни други нарушувања“.

Минатиот протест против аерозагадувањето пред Владата на РМ помина со многу мал одѕив кај граѓаните.