Во Музеј на Град Скопје во четврток ќе биде отворена изложбата „Портали 2019“

По повод одбележувањето на „Европскиот ден на уметничка креативност“, како дел од проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво), во Музеј на Град Скопје во четврток (21.03.2019) со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Портали 2019“.

На изложбата ќе бидат претставени делата на Александра Ацеска, Ана Јовановска, Ива Станковска, Ивана Мојсовска, Игор Таневски, Кристијан Јованоски, Кристијан Тодоров,Тамара Антевска Бајдевска и Филип Ивановски-Пепе.