Во македонските училишта има се помалку ученици

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на  учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на  претходната учебна година. 

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.

Во редовни основни училишта според јазикот на кој се изведува наставата на  крај на учебната 2015/2016 година  имало 119 550 ученици од македонски наставен јазик,  59 437 на албански,  5 591 на турски, 258 на српски и 283 на босански јазик. 

За споредба, на крајот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 361 што претставува намалување за 1.1% во  однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2014/2015 година изнесува 81 788  што претставува намалување за 3.6% во однос на претходната учебна година.