Во Македонија за првпат родено ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка (видео)

Храбра и одлучна 30 годишна ХИВ позитивна жена од Скопје решила да остане трудна и да роди свое дете. Таа пред 4 месеци го донела своето дете на свет кое е ХИВ негативно.

Др. Милена Стевановиќ за Канал 5 раскажа како ХИВ позитивна жена може да роди ХИВ негативно дете, а и сопругот да остане ХИВ негативен.

„Мајката редовно доаѓаше на контроли уште пред да остане бремена, со редвно лекување вирусот се ослабува и не може да се пренесе“, вели директорката на Инфективна клиника. вистинска љубов помеѓу двајца, но и големи емоции и среќа за персоналот на клиниката за гинекологија и клиниката за инфективни болести.