Во Македонија се уште табу тема се мешаните бракови - околината ме осудуваше бидејќи се омажив за муслиман

Во Македонија се уште не се гледа со позитивност кон мешаните бракови. Мислењата за оваа тема се поделени, и секој си има свои аргументи зошто би подржувал или не, нешто такво.

Мешаните бракови постоеле од многу одамна. И не само во Македонија, туку многу пошироко во светот. Само разликата е тоа, што низ светот мешаните бракови воопшто не се табу тема.

Млада скопјанка, ја раскажува својата приказна, која денеска е омажена за човек од различна вероисповед, босанец, муслиман.

-Се сретнавме и се заљубивме уште на прв поглед. Љубовта ни се гледаше во очите. Тој од една, а јас од друга вера. Но, на нас, на нашата љубов тоа не ни сметаше воопшто. Бидејќи живееме во едно чудно општество, мене искрено ми беше важно што ќе каже околината и моите најблиски, а мојот партнер, воопшто не се замараше за тоа. На него му беше важна само нашата љубов. И така испадна. Сите не гледаа чудно, како нешто невозможно. Моите дома, за среќа прифатија. Ништо не им смени. Го засакаа и него. Но, само тие. Никој друг. Ниту роднините, ниту пријателите. Најблиските роднини почнаа да се срамат од мене. Кога ќе не сретнеа заедно на улица ни кажуваа скришно само здраво, за да не слушнат другите. На самиот почеток се чувствував многу лошо, отгрлена од општеството. Но, ја имав најголемата поддршка. Го имав него, ги имав моите родители, го имав мојот брат.

Добивав неизмерна љубов, внимание топлина. Љубовта расеше од ден на ден се повеќе и повеќе.

Бевме во врска пет години, и после добив веренички прстен. Бев пресреќна. Одамна заборавив на обвинувањата на околината. Сфатив кого имам до себе. А неговата фамилијата, неговите пријатели, беа секогаш на наша страна. Не подржуваа во секоја наша одлука.

Не правевме свадба, само се венчавме во општина, и една мала забава само со најблиските.

Денеска имаме прекрасни близначиња. Симбол на нашата љубов.

Ние се сакавме, се сакаме и верувам дека така ќе продолжи и во иднина.

Обвинувањата и зоровите воопшто не допираат повеќе до нас. Напротив, не прават да бидеме уште посилни.