Во Македонија има повеќе од 400 лица постари од 100 години

Во Македонија има најмалку 418 пациенти над 100 години. Повеќето се жени. Најмногу се од Скопје и околината, но стогодишници има и во селата и во помали градови низ државата.

Сите имаат активно здравствено осигурување, покажуваат податоците од Мој Термин. 10 од нив годинава биле на специјалистички преглед. Имале потреба од интернист, рендген и лабораториски иститувања.  Дел од нив се со хронични заболувања, а некои и многу ретко се јавуваат во ординациите на матичните, пишува Сител.

- Од почетокот на годината до денес речиси половина македонски граѓани биле на специјалист. Според податоците од Мој термин за овој период од 4 и пол месеци биле издадени 915.300 специјалистички упати. Просечната возраст на пациентите е 47 години.