Во Македонија има дефицит од дадилки со лиценца

Спо­ред За­ко­нот за за­шти­та на де­ца, се­кое фи­зич­ко ли­це што са­ка да вр­ши згри­жу­ва­ње де­ца мо­ра да има ли­цен­ца. Но, од де­кем­ври 2013 го­ди­на, ко­га е до­не­сен овој за­кон, до сега има многу малку издадени лиценци.

Стра­вот да се оста­ви де­те­то во гра­дин­ка, со­ве­ту­ва­ње­то од до­кто­ри да не се но­си де­те­то во гра­дин­ка до три го­ди­ни, жел­ба­та да му се овоз­мо­жат нај­до­бри ус­ло­ви на нај­ми­ло­то ги те­ра ро­ди­те­ли­те да ба­ра­ат же­ни што ќе е гри­жат за нив­ни­те де­ца.

Ме­ста­та за ог­ла­су­ва­ње се пре­пол­ни со ог­ла­си од ти­пот ба­рам да­дил­ка или чу­вам де­ца. Не­о­дам­на има­ше еден ог­лас во кој кри­те­ри­у­ми­те за да­дил­ка­та беа тол­ку ви­со­ки, што лу­ѓе­то се мај­та­пеа со же­на­та што го ог­ла­си­ла. Но пос­лед­ни­от слу­чај со ше­е­сет и ед­но­го­диш­на­та скоп­јан­ка што мал­тре­ти­ра­ше де­вет­ме­сеч­но де­те по­ка­жу­ва де­ка и не е тол­ку ед­но­став­но да се нај­де же­на што ќе го чу­ва ва­ше­то де­те. По­крај тоа, во ва­ши­от дом при­фа­ќа­те не­поз­на­та лич­ност за ко­ја ни­кој не га­ран­ти­ра, а таа ста­ну­ва дел од ва­ше­то се­мејс­тво.

Искус­тва­та на ро­ди­те­ли­те се раз­лич­ни – од не­за­до­вол­ни до пре­за­до­вол­ни. Трг­ну­вај­ќи од сопс­тве­но­то искус­тво, ед­на мај­ка ве­ли де­ка де­те­то го до­ве­ру­ва­те на не­поз­на­та лич­ност и не зна­е­те што се слу­чу­ва до­де­ка не сте до­ма.

Има мно­гу при­ме­ри ко­га де­ца­та си ги ба­ра­ат да­дил­ки­те ду­ри и за вре­ме на ви­кен­ди­те, ко­га ро­ди­те­ли­те се ту­ка за да се гри­жат за нив. Но има и по­и­на­кви при­каз­ни…