Во мај нов саем за вработување

Понудата и побарувачката на работна сила повротно ќе се сретнат на едно место.

Од 18 мај, Агенцијата за вработување почнува со организирање на саемите за вработување, каде  компаниите ќе ја презентираат потребата од кадар кој им недостасува, додека невработените или оние кои сакаат да ја променат работата, ќе можат да се престават пред потенцијалните работодавачи.

Првиот саем ќе се организира во Скопје, а потоа и низ другите градови, вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски за РСМ.

Поповски очекува дека со низата мерки и програми кои ќе спроведуваат прегу Агенцијата, до крајот на годината, значително ќе се намали невработеноста во државата.