Во Лисиче мафијашка пресметка на улица

Инцидент во кој имало и оружје во Долно Лисиче. Имено, скопјанец на возраст од 20 години во полиција пријавил инцидент во кој додека возел бил пресретнат од вооружени лица.

Како што стои во пријавата, настанот се случил на 18 март во близина на мост на реката Вардар, од населба Долно Лисиче кон селото Јурумлери. Додека 20-годишникот управувал автомобил „Мерцедес“, бил пресретнат од „Голф“, без регистарски ознаки, во кој со автоматско оружје биле три лица.

Нападнатиот во паника скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.

Не е соопштено дали некој е повреден. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.